Почина 50-годишен скопјанец, му се слошило додека возел велосипед
МВР информира дека вчера попладне во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.