„Најмалку 167 деца се убиени во Украина, а 279 се ранети, при руската инвазија. Околу 927 училишта и други образовни институции се оштетени во гранатирање и бомбардирање“.
Ова се наведува од канцеларијата на јавниот обвинител во Украина.
Како што информираат, најголем број на деца – жртви, 81, се евидентирани во регионот Доњецк во источна Украина. Потоа следуваат поширокиот регион на Киев со 78 и во областа на Харков со 64 малолетни жртви.