Нов рекорд – испечена е најголемата плескавица во Лесковац
На 34. Роштилијада во Лесковац е направена плескавица тешка 86 килограми и 400 грама месо, што е нов рекорд за најголема плескавица во светот.
Тоа е шест килограми повеќе од минатогодишниот рекорд, исто така поставен на оваа манифестација.
Осми пат по ред е соборен рекорд на фестивалот Роштилијада во Лесковац, пишуваат српските медиуми.
Наградата оди за екипата од рестораните „Два другара“ и „Колиба“ која постави нов рекорд во правење најголема плескавица во светот, што е дури 6 килограми повеќе од минатогодишниот рекорд.
Дијаметарот на плескавицата по печењето беше 210 сантиметри.
Мајстори за најголема плескавица на годинешната лесковачка скара беа Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ, Стефан и Бојан Цветковиќ од лесковачките ресторани „Два другара“ и „Колиба“.
View this post on Instagram