Хорор во Крушевац: Татко со нож го убил својот син, па самиот си пресудил

Телото на Дејан Фазлија (25) од Крушевац, кој до смрт бил избоден од неговиот татко Н.У.(50) било пронајдено вчера во утринските часови, во барака лоцирана во двор од куќа.

Како што дознава српски „Курир“, таткото на Дејан го прободел својот син во пределот на срцето.

– Телото на првично исчезнатиот млад човек е пронајдено во помошен објект од куќа, чии сопственици се на одмор. По спроведената истрага од страна на јавниот обвинител на ОЈО Крушевац со истражен тим на ЈП Крушевац, издадена е наредба за обдукција на телото на Д.Ф. – изјавија од Вишото јавно обвинителство во Крушевац.

Обдукцијата е извршена денеска, а како што се дознава таткото на Дејан го прободел во пределот на срцето, поради што набрзо следувала смрт.

– Телото веднаш било испратено во Институтот за судска медицина, а прелиминарниот резултат укажува дека смртта настапила насилно како последица од убод со остар предмет во пределот на левата страна на градниот кош и срцевиот мускул – додаде обвинителството.

Исчезнувањето на Дејан Фазлија го пријавила неговата мајка на 27 август, ден по конфликтот што избил меѓу него и неговиот татко.

– Исчезнатиот на 26 август се сретнал со својот татко Н.У.(50) во доцните вечерни часови, со која не живеел во исто домаќинство. Меѓу нив дошло до вербална расправија, по што најверојатно дошло до физички контакт во кој Н.У., најверојатно со нож, го повредил Д.Ф., но тој настан не бил пријавен во полиција – велат од Вишото јавно обвинителство Крушевац.

Како што подоцна се дознава, таткото на Дејан извршил самоубиство со бесење во семејниот дом на 27 август.