Жена погодена од огномет на плоштадот во Крива Паланка

Синоќа во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека С.К.(28) од село Конопница, Kривопаланечко, на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување на концерт, била повредена од огномет.

„С.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – наведено е во соопштението.