Тригодишно дете е пронајдено во парк во Тиват сосема само, а на себе носело само пелени.
Полицајци од одделението за обезбедување Тиват, заедно со нивните колеги од Комуналната полиција, го пронашле момчето во паркот, изјави за порталот РТЦГ, началникот на полициската управа Тиват, Миодраг Кнежевиќ.
Во меѓувреме детето е вратено кај родителите. Кнежевиќ вели дека момченцето само го напуштило станот кој, како што е утврдено, се наоѓа во приземјето на зградата.
Детето е од руско говорно подрачје.
„Тоа не е киднапирање или нешто слично, ни се случувале вакви случаи додуша многу ретко, но се случувало“, изјави утрово Кнежевиќ.
Детето прво било згрижено било во Центарот за социјална работа на Црна Гора, но подоцна родителите биле идентификувани и им било вратено.