Од утрово од 6 часот во соседна Грција започна 24-часовен генерален штрајк против покачувањата на цените, сиромаштијата и нееднаквоста и со барање за зголемување на платите.
Поради генералниот штрајк, нема да функционира јавниот сектор, во прекин, 24 часа ќе биде бродскиот и железничкиот сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, метрото, трамвајот и тролејбусите нема да функционираат, единствено ќе сообраќаат автобусите, но само од 9 до 21 часот.
Првично беше најавено учество и на контролорите на летање, што ќе создадеше сериозни проблеми во авио сообраќајот, меѓутоа штрајкот беше прогласен за незаконски, па така сите летови ќе функционираат регуларно.
Со четиричасовен прекин на работата од 12 до 16 часот во штрајкот учествуваат и грчките новинари.
Двата синдикати ќе одржат и протест во центарот на Атина а собири се очекува да има и во другите грчки градови.