Ентони Блинкен – американскиот државен секретар денеска изјави дека убиствата на Украинците во Буча биле дел од „намерната руска кампања за убивање, измачување и силување“.
„Додека рускиот бран се повлекува од украинските региони, светот гледа смрт и пустош што останува зад него“ – изјави Блинкен пред да полета за Брисел.
„Она што го видовме во Буча не е случаен бандитски бес. Ова е намерна кампања за убивање, мачење, силување, извршување злосторства. Соопштенијата се повеќе од веродостојни. Доказите се таму за да може светот да ги види“ – рече Блинкен.