Љутков: Костадиновска-Стојчевска сторила злоупотреби и кај капиталните инвестиции

Жалосно е што екс-министерката се дрзна да негира дека трошела државни пари, вели нејзиниот наследник Зоран Љутков. Тој посочува дека негацијата на Костадиновска Стојчевска е негирање на институцијата со која раководела.

Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции – рече Љутков.

Рече и дека Костадиновска-Стојчевска сторила премногу злоупотреби, не само со трошењето од службената картичка, туку и кај капиталните инвестиции.

Екс-министерката Костадиновска-Стојчевска вчера рече дека ако се утврди неправилност, ќе одговара, во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе добие тужба.

Рече и дека дел од трошоците што биле презентирани се однесуваат на потреба да обезбеди основни услови за нормално функционирање на службено патување на кое авиокомпанијата и го има изгубено багажот.

Државната комисија за спречување на корупцијата вчера информираше дека отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.