Во Грција препорака за четврта доза ковид-вакцина за лица над 60 години

Сите граѓаните над 60 години во Грција, особено оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, за нив Комисијата за имунизација препорачува да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата.

Ова го соопшти претседателката на Комисијата – Мариа Теодориду.

Таа објасни дека врз основа на епидемиолошката слика во земјата и на фактот дека помина подолго време од првата бустер доза, односно од третата, со примање на втората бустер доза, како што ја карактеризираше четвртата доза, значително ќе се намали веројатноста за хоспитализација.

Четвртата доза ќе биде со MRNA вакцините, а нема да биде потребна за оние кои прележале Ковид-19 по бустер дозата.

Децата на возраст од 12 до 17 години кои припаѓаат на групата со зголемен ризик, ќе имаат можност да примат трета доза, 6 месеци по втората.

Во однос на процесот на имунизација во Грција, Темистоклеус соопшти дека досега се аплицирани 20.590.000 дози од вакцината, целосно се вакцинирани 7.595.000 граѓани, односно 72,4 отсто од општото или 81,8 проценти од полнолетното население.