Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека за Коридорот 8, секцијата три за пругата добил поткуп и дека веќе го има пријавено.
Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација кој завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.
„Додека сум јас премиер, можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“ – рече Мицкоски.