Зеленски: Светот допрва ќе ги види злосторствата од Русија!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска пред Советот за безбедност на ОН изјави дека светот „допрва треба да ја дознае целосната вистина“ за руските злосторства во другите украински градови, освен наводните брутални егзекуции, силувања и напади врз цивили откриени во последните неколку дена во предградието на Киев, Буча.

„Сега светот може да види што направи Русија“ – рече Зеленски во 15-минутното видео обраќање додека апелираше до ОН „да му покажат на светот – како Русија ќе биде казнета“.

Зеленски рече дека руската инвазија и напад врз неговата земја, која трае повеќе од шест недели, „ја поткопува целата структура на глобалната безбедност“.

„Руската војска мора веднаш да биде изведена пред лицето на правдата“, рече тој.