Д.Ј. од српскиот град Јагодина во селото Вртогош ја убил својата поранешна партнерка В.К.(62) од Белград, а потоа се самоубил. Вишото јавно обвинителство во Врање го соопшти кривичното дело.
„Полициската управа во Врање на 27.08.2024 година го извести дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање дека тој ден во утринските часови околу 07:00 часот во с. Вртогош, (Врање), во семејната куќа сопственост на С.Н. од Врање, дошло до убиство на сопругата В.К.(62) од Белград, општина Раковица, извршено од поранешниот емотивен партнер Д.Ј. од Јагодина“, соопштено е од српската полиција.
Според првичните податоци од истрагата Д.Ј. со два истрели од пиштол и го одзел животот на В.К, а потоа се самоубил.
По спроведената истрага, дежурниот јавен обвинител во Врање нареди обдукција на жртвите, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина во Ниш.