Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека Русија не се откажува од инвазијата врз Украина, но оти следните седмици ќе се обиде целосно да го освои регионот Донбас.
„Сега гледаме значително движење на (руските) трупи подалеку од Киев за да се прегрупираат, повторно да се вооружат и да се снабдат и да го префрлат нивниот фокус на исток. Во следните недели очекуваме натамошен руски притисок во источна и јужна Украина и ќе се обидат да го заземе целиот Донбас и да формираат копнен мост до окупираниот Крим“ – изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.
Столтенберг посочи и дека сојузниците на НАТО се решени да испорачаат дополнително оружје за Украина.