Нема ниту еден македонски Универзитет во првите 1.000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во светот, попознато како „Шангајска листа“.
На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.
Од регионот, Универзитетот во Белград е меѓу 401-500 место.
Универзитетот во Загреб се најде на истото место како и белградскиот, додека универзитетот во Љубљана е на 501-600 место.
На листата се најдоа и шест грчки универзитети.
Освен од Македонија, на листата нема ниту еден универзитет ниту од Албанија, како и од Бугарија.
Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година.
Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.