Доларот продолжи да слабее, цените на нафтата пораснаа
На валутните пазари на почетокот од тргувањето оваа седмица вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути дополнително ослабе, откако минатата седмица падна за 1,7 отсто.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,64 поени, недалеку од најниското ниво во последните 13 месеци, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 100,68 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 144,37 на 143,90 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1185 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1190 долари.
Цените на нафтата, пак, повратија дел од минатонеделните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар препладнево зајакна за 0,66 отсто, на 79,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,71 отсто, на 75,35 долари.