Русин ги фрлил сопругата Милена и едногодишниот син од прозорец на 16-ти кат

Русинот Александар Липатов (39) ги фрлил сопругата Милена (16) и едногодишното бебе низ прозорец од стан на 16-ти кат во луксузен станбен комплекс во Москва, при што ги усмртил на лице место.

Како што пренесуваат руските медиуми, екипата на итната помош која брзо пристигнала на местото можела само да ја констатира смртта на мајката и детето.

На интернет се појавија и видеа од трагедијата. На една од нив се гледа како Милена прво паѓа на тротоарот пред зградата, а по околу половина минута едногодишното момче.

После тоа Александар се забарикадирал во станот. Руските медиуми јавуваат дека тој повремено ѕиркал низ прозорецот и дека за цело време бил гол. Од станот на улица фрлал и разни работи.

Набрзо на местото пристигнала и полицијата која упаднала во станот. Александар го изнеле на носилки, со маска за кислород на лицето.

Неговата состојба е непозната.

Руските медиуми јавуваат дека Милена и Александар биле во брак околу 3 години, а тој до неодамна работел во Централната банка на Русија.

Соседите велат дека живееле мирно и дека често ја гледале Милена со нејзиниот син.

Но, некои од нив додале дека утрово имале жестока расправија, додека малиот плачел.

Наводно, во станот биле пронајдени антидепресиви и „пораки со чудна содржина“.

Главниот истражен оддел на Истражниот комитет во Москва отвори кривично дело, пишува „EurAsia Daily“.