Деактивирана бомба од Втората светска војна во Словенија

Бомба тешка 226 килограми од Втората светска војна, пронајдена во четвртокот на железничката станица во Нова Горица, Словенија, денеска е успешно деактивирана.

Сирената која сигнализираше крај на опасноста се огласи во 10:46, јавува агенцијата СТА.

Евакуирани се жителите кои живеат во близина на местото каде што е пронајдена експлозивната направа во Нова Горица, како и во Горица на италијанската страна на границата.

Наредена е целосна евакуација за првата, црвена зона, каде живеат 961 лице.

На словенечката страна на границата оваа област се протегала и до 400 метри од местото каде што била пронајдена бомбата, а во втората, жолта зона, на 2.064 жители кои живеат таму не им било дозволено да бидат на отворено откако се огласила сирената.

На словенечката страна на границата, оваа област се протегала од 400 до 600 метри од локацијата на бомбата.

Речиси илјада жители од црвената зона се евакуирани до 9 часот утринава.

Бомбата ја пронашле градежни работници на железничката станица во Нови Горица, која е во фаза на реновирање.

Бомбата била тешка 226 килограми, од кои 96 килограми биле експлозив.