Телото на дванаесеттиот мигрант, кој загина при превртување на чамецот на реката Дрина, е пронајдено денеска во градот Тегаре кај Братунац, изјави за „Срна“, Борис Трниниќ, вршител на должноста директор на Републичката управа за цивилна заштита на РС.
Трниниќ рече дека телото го пронашле мештаните.
„Припадниците на Републичката управа за цивилна заштита го обележаа местото каде што се наоѓа телото, а сега се чека одлука дали ќе биде предадено на Министерството за внатрешни работи на Република Српска или Србија, кое ќе ја води понатамошната истрага“, рече Трниниќ.
Брод со мигранти, кои се обиделе илегално да преминат од Србија во Босна и Херцеговина, се превртел пред два дена на реката Дрина.