Денеска е приведено лице со иницијали Д.Х. осомничено за полов напад. Информацијата за „360 степени“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„Д.Х. е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад и други дејствија’ и во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот“, информира полицијата.
Неофицијално, осомничениот нападнал момче во парк во една скопска населба околу 3 часот по полноќ.
Инаку, Д.Х. е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.