Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија неделава ќе отпатува за Киев на средба со украинскиот претседател – Володимир Зеленски.
Фон дер Лајен во украинската престолнина ќе биде придружувана од шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави нејзиниот портпарол.
Патувањето ќе биде пред настанот „Стани за Украина“ што ќе се одржи в сабота во Варшава.
Донаторска конференција ja свикаа Фон Дер Лајен и канадскиот премиер Џастин Трудо.
На настанот ќе присуствува и претседателот на Полска, Анджеј Дуда.