Експлодираше глисер во Хрватска, меѓу повредените има и дете

Вчера попладне околу 17 часот три лица се повредени откако избувнал пожар на брод во спортското пристаниште во Медулин.

Повредени се маж (39), жена (39) и дете, кои по несреќата се пренесени во болницата во Пула.

Се уште не е позната тежината на нивните повреди.

Според досега утврдените факти, мажот го завртел клучот во бравата додека се обидувал да го стартува глисерот, по што дошло до експлозија и пожар.