Апел за донација – недостасуваат уште 4.000 евра за Дијана да може да се спаси од ретката болест
Со медиумска помош, но пред се со помошта на хуманите луѓе, се собраа голем дел од потребните средства за лекување на Дијана Трипуновска од Маврови Анови која боледува од ретка болест Neuromilit Optucus – болест која поради нејзината сериозност доведува до заматен вид (губење на видот и отежнато движење).
Дијана вели дека недостасуваат уште 4.000 евра од потребните 50.000 евра.
Таа е бескрајно благодарна на хуманите луѓе и преку медиумите замолува секој кој е во можност да донира, за да може да се заокружи хуманитарната мисија и да се започне лекувањето.