Во реката Вардар преку оградата на мостот на Револуцијата кај крстосницата на булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин кај „Веро Џамбо“ утрово излета возило, пишува „Слободен печат“.
Нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата.