„Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба да се потсети на неговите некрофилски изјави во минатото. А сега да потсетиме на фактите за осомничените за убиството кај Мавровка. Убиството се случува на 20.08.2024 година, во сред бел ден, во центарот на Скопје. МВР соопштува дека еден осомничен е уапсен, се трага по вториот кој е во бегство. Имиња ниту пак иницијали нема. Ова е крајно невообичаено затоа МВР секогаш соопштува имиња или барем иницијали на приведените“ пишува во Фејсбук објава пратеничката од СДСМ – Славјанка Петровска.