По одличните настапи во Шкотска, Трапановски доби повик да игра за македонската фудбалска репрезентација
Одличните игри во Данди, на Кристијан Трапановски му го донесоа и првиот повик за сениорската репрезентација на Македонија.
Селекторот Благоја Милевски уште не го објавил списокот за претстојните натпревари од Лигата на нации против Фарските острови и Ерменија, но од Данди потврдија дека Трапановски е повикан за овие натпревари.
Тој во минатото беше стандарден во младинската селекција, но ова ќе биде негово деби со сениорите.
Македонија на 7. септември гостува кај Фарските острови, а три дена подоцна ја пречекува Ерменија во Скопје.
Покрај Трапановски на списокот на Милевски е и Давид Бабунски кој исто така брзо се вклопи во Данди.
🇲🇰 Kristijan Trapanovski
🇲🇰 David Babunski
🇰🇪 Richard Odada
🇧🇶 Jort van der SandeFour of #DUFC‘s first-team stars have been selected to represent their country during next month’s international break 🌍
Read about what’s in store for our globetrotters here! 👇
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) August 23, 2024