Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број гласови. Ова го покажала анкетата спроведена од ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, спроведена од 02.03 до 16.03.2022 година врз 1.007 испитаници.
Според податоците од анкетата, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 18,2 проценти од анкетираните, а за СДСМ 9,5 отсто. Анкетата покажува дека Левица би добила 4 проценти од гласовите на испитаниците.
Кај албанските партии ДУИ има 4,1 проценти, Алијанса на Албанците 3,5, Беса 4,2, Алтернатива 0,7%, а ДПА 0,4 проценти од гласовите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според анкетата, ужива најголема доверба кај граѓаните.
На прашање „На кој политичар можете најмногу да верувате?“, 9% се изјасниле дека тоа е Мицкоски, претседателот на државата – Стево Пендаровски ужива доверба од 6 проценти, додека за премиерот Димитар Ковачевски својот глас го дале 4% од испитаниците.
Димитар Апасиев и Али Ахмети имаат по 3 проценти.