Путин донесе одлука за одговор на нападот на Украина врз Курск

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, изјави дека претседателот на Русија – Владимир Путин донел одлука за одговорот на нападот на Вооружените сили на Украина врз регионот Курск и дека одговорните ќе бидат најстрого казнети.

„Искрено ви кажувам дека претседателот (Владимир Путин) донесе одлука, цврсто сум убеден дека сите ќе бидат строго казнети за она што се случи во областа Курск“, рече Антонов, а пренесува РИА Новости.

Вооружените сили на Украина на 6 август извршија напад врз областа Курск во Русија, а началникот на рускиот Генералштаб – Валери Герасимов изјави дека украинското напредување во таа област е запрено.

Путин претходно изјави дека режимот во Киев извршил голема провокација напаѓајќи го регионот Курск и дека цели неселективно, вклучително и цивилни цели.

Претседателот на Русија истакна дека, како што наведе, „непријателот ќе добие достоен одговор и дека ќе бидат остварени сите цели со кои се соочува Русија“, пренесува Танјуг.