(Видео) Нападнато руско пристаниште во Краснодар – потона траект со резервоари за гориво

Украински војници нападнаа железнички траект во руско пристаниште во водите на пристаништето Кавказ, пренесува РИА Новости.

Траектот потона, објави оперативниот штаб на регионот Краснодар, на каналот Телеграм.

На социјалните мрежи се шират снимки од нападот на пристаништето.4

„Нападнат траект со резервоари за гориво во пристаништето Кавказ. Поради причинетата штета потона траектот. На територијата на самото пристаниште нема пожар“, се наведува во соопштението.