ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата Влада само за да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот, велат од коалицијата ВРЕДИ.
Оттаму посочуваат дека „Мувлата на ДУИ” не се достоинствените и чесните Албанци во администрацијата, туку нивните заслепени партиски војници на кои поважно им е криминализираното раководство во Мала Речица отколку правдата и функционирањето на системот“.
„Синоним за `мувлата на ДУИ` е срамната спогодба на Иџет Мемети со `Абазиското обвинителство` за да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари. Синоним за `мувлата на ДУИ` е да издејствуваш три правни акти за да го принудиш правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на УЧК во Србија, пред да се изјасни Врховниот Суд, само за да предизвикаш тензии и да ги обвиниш ВРЕДИ. Синоним за `мувлата на ДУИ` е да најавуваш дека ќе го напуштиш ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да нема доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД“ велат од ВРЕДИ.