Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во близина на грчкиот остров Родос.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 26 километри југозападно од Катавија, а длабочината на фокусот е проценета на 28,8 километри, соопшти Геодинамичкиот институт.
Засега не е пријавена штета, пренесува „Прототема“.