Американскиот економист, професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс рече дека Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други.
„Ако нешто не им се допаѓа на САД, тоа е неутралноста. Ти си со нас или си против нас, тоа е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева“, нагласи Сакс во интервју за „НИН“.
Тој изјави дека Србија и балканскиот регион воопшто ќе напредуваат со мир, обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија, одржување на отворена трговија и соработка со Кина, силни економски односи меѓу Балканот и Блискиот Исток, мир во Палестина (имплементација на решението за две држави за Израел и Палестина под надзор на Обединетите нации) и европското партнерство со кинеската иницијатива „Појас и пат“.