Новак Ѓоковиќ се подготвува за одбрана на титулата на УС Опен каде лани го освои 24. и досега последен гренд слем трофеј.
Во меѓувреме ги комплетира сите титули бидејќи триумфираше и на Олимписките игри, па ја искористи можноста да се врати на финалниот меч против Карлос Алкараз.
„По натпреварот, на мрежата му кажав дека сум му благодарен што ми дозволи да ја освојам титулата. Тој до крајот на кариерата ќе освои злато барем три пати“ – рече Ѓоковиќ.
Србинот ноќеска учествуваше на ревијален меч со Џон Мекинро, Карлос Алкараз и Андре Агаси.