Кои се највисоките топ 5 просечни плати во Македонија?!

Според Државниот завод за статистика, просечната нето плата во септември годинава во Македонија изнесува 28.869 денари и има значително зголемување во однос на истиот месец минатата година.

Од ДЗС информираат дека зголемувањето на просечната плата се должи на зголемените плати во секторите рударство и вадење камен (4,4%), потоа информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2,2%).

Највисока плата имаат компјутерските програмери – во просек 75.135 денари, па следуваат вработените во фармацевтскиот сектор со месечни примања од 49.199 во просек.

Во секторот транспорт – кај воздушниот транспорт просечните плати во просек се безмалку 48.300 денари.

Во секторот Вадење руда и камен просечната плата се движи над 42.000 денари, а во рангирањето се и вработените во образованието – просечната плата таму изнесува 27.801 денар.