Денеска Бугарија бира претседател – Радев или Герџиков!

Во соседна Бугарија денеска се одржува втор круг од претседателските избори.

Гласачите треба да изберат меѓу актуелниот претседател Румен Радев, кој е поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев, но и од партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“.

Негов противкандидат му е ректор на  Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков кој е поддржан од ГЕРБ-СДС.

Пред една седмица, во првиот круг за Радев гласаа 1.322.128 гласачи, додека за Герџиков поддршка дадоа 610.710 граѓани.

Право на глас во Бугарија имаат 6.7 милиони граѓани, кои ќе гласаат на 13.000 избирачки места.

Излезноста во првиот круг од претседателските избори во Бугарија беше 40,5 отсто.