(Видео) Свен Горан Ериксон објави проштална порака

Очигледно болеста брзо напредува што може да се заклучи од емотивните зборови и поздрав на шведскиот фудбалски тренер – Свен Горан Ериксон, испратена преку документарниот филм за него што треба да ја има својата премиера на 23 август.

„Имав добар живот. Сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта исто така е дел од животот. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат дека сум бил добар човек, свесен сум дека не го мислат сите тоа, но тоа е. Се надевам исто така дека ќе ма памтите како позитивен човек кој се трудеше да прави се што може. Немојте да ви биде жал, насмеј те се. Ви благодарам за се, тренери, играчи, навивачи… беше фантастичен. Чувајте се и чувајте го својот живот и живејте го. Здраво“, објави Ериксон.

Во својата богата кариера, Швеѓанецот ги водеше Бенфика, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити…, а беше и селектор на Англија.