Владата денеска ја одржа 13-тата седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар.
Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.