Претседателот на САД – Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.
„Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча. Тој е воен злосторник“ – рече Бајден.
Додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.
„Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“ – рече Бајден.
На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија.