Министерот за локална самоуправа – Златко Перински на прес-конференцијата по средбата што тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски ја имаа со градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска вели дека сега тие како Влада се загрижени многу повеќе отколку пред состанокот.
Перински посочи дека не слушнале никакво конструктивно решение за решавање на проблемите.
„Од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи, морам да признам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и во основа на тие заклучоци ќе носиме заклучоци“ – рече Перински
Министерот додаде дека можеле да одлучат да не се мешаат во работата на Градот, но главен приоритет им се граѓаните.