Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, местото од каде неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од телата на убиените цивили на улиците.
Кратко разговараше со новинарите беа со него велејќи дека е „многу тешко е да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча“.
„Масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија“ – рече Зеленски, додавајќи дека „тие се однесуваат со луѓето полошо од животните“.
Предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украина“.