Горазд Михајлов поднесе оставка на кормилото на ФК Вардар
Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб на ФК Вардар, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи „црвено-црните“.
Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ.
Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.
Горан Петрески (популарниот Чунга лунга) официјално е нов предводник на екипата на ФК Вардар.