(Видео) Мбапе исмејуван по неговото деби за Реал Мадрид во Ла Лига

Долгоочекуваниот прв настап на Килијан Мбапе за Реал Мадрид во Ла Лига заврши со разочарување.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа со само еден бод ја започна одбраната на домашната титула против скромната Мајорка (1:1) која минатата сезона ја заврши само на 15. место. Посебно лош беше оној од кого најмногу се очекува и кој е најмногу платен.

Пред два месеци Килијан Мбапе конечно заврши во Мадрид, откако Реал седум години се обидуваше да го доведе. Дојде бесплатно од ПСЖ, но Реал му плаќа цело богатство.

Неговата годишна плата е 15 милиони евра без премии. Покрај тоа, тој добива 20 отсто од фантастичната заработка на Реал од имиџ правата на играчот. Но, најраскошниот дел од договорот е бонусот за потпишување. Врз основа на тоа Мбапе добива 125 милиони евра од Реал.

Навивачите на Реал беа особено запалени за дебито на Мбапе во лигата откако тој постигна гол на првиот натпревар на Реал против Аталанта во победата од 2-0 и Суперкупот на Европа. Но, наместо хит, Мбапе беше за потсмев на овој меч.

Неговата немоќ и неефикасност резултираа со вирални видеа и објави на социјалните мрежи.

На Мбапе, кој е навикнат лесно да постигнува голови во Франција, му се потсмеваат, меѓу другото, и поради неможноста да направи нешто против многу поцврстите одбрани во многу построгата шпанска лига.