Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до претседателот на Србија, Александар Вучиќ честитајќи му ја синоќешната изборна победа.
Честитки од рускиот претседател стигнале и на адреса на унгарскиот
Во телеграмата од Путин за Вучиќ, рускиот претседател му ја честитал победата за реизбор на српскиот претседател велејќи оти исходот од гласањето ја потврдува широката поддршка од граѓаните на Србија за неговата независна надворешна политика.
Лидерот на Русија, меѓудругото, изразил надеж дека активностите на Вучиќ ќе помогнат дополнително да се зајакне стратегиското партнерство меѓу двете земји
„Очекувам дека вашата работа како шеф на државата ќе продолжи да придонесува за зајакнување на стратегиското партнерство што постои меѓу нашите земји. Тоа секако е во интерес на братските народи на Русија и Србија“ – наведува Путин во телеграмата до Вучиќ.
Во писмото испратено до премиерот на Унгарија, Орбан, чија десничарска партија Фидес извојува убедлива победа на гласањето Путин рекол дека „и покрај тешката меѓународна ситуација, натамошниот развој на билатералното партнерство е целосно во согласност со интересите на народите на Русија и Унгарија“.