(Видео) Страшни поплави во Виена

Обилните дождови ги погодија австриските алпски региони, оставајќи под вода делови од Виена, а невремето предизвика штети во делови од земјата и го прекина патниот и железничкиот сообраќај, соопштија властите и локалните медиуми.

Поројниот поток носеше автомобили во ски-центарот Сент Антон во западна Австрија, а рекордни дождови погодија делови од Виена на истокот од земјата, објави ОРФ.

Од силината на поројот во северниот дел на Виена, една жена заврши под автобус и во критична состојба е пренесена во болница, пренесува Б92.

Противпожарните служби примија околу 450 повици во Виена, откако невремето предизвика сообраќаен колапс и го прекина железничкиот сообраќај.