Освен во Пехчево, денeска активни пожари и во Кичево, Македонски Брод, Новаци, Пласница , Неготионо и Ресен.
Според информациите од ЦУК дури осум пожари се класифицирани како тешки поради непристапниот терен и времетраењето.
Статистиката на ЦУК покажала дека во текот на јули годинава се регистрирани вкупно 765 пожари од пошироки размери.
Во скопскиот регион се изгаснати повеќе пожари, во општините Студеничани, Чучер Сандево, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода.