Таравари: ДУИ се уште не можат да прифатат дека се опозиција, па си организираат приватни журки

Откако ДУИ најави дека ќе има посебна прослава за одбележување на годишнина од Рамковниот договор, министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања рече дека ДУИ се уште не можат да прифатат дека се опозиција и организираат приватни журки.

– ДУИ некако секогаш има претензии да ги приватизира одредени настани. Се уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Ќе прифатат приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан којшто го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, рече Таравари.

Тој истакна дека историските настани никогаш не биле приватна припадност на некој, секогаш ќе бидат настани коишто им припаѓаат на граѓаните коишто живеат тука.

Европскиот фронт најави дека по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор, утре организира, како што ја нарече, Академијата за легитимитет, во хотел во Скопје.