Српската влада издвои 4.7 милиони евра за освојувачите на медали

Олимпискиот тим на Србија на 33. Летни олимписки игри во Париз освои пет медали (три златни и по едно сребро и бронза).

Српската влада објави дека сите освојувачи на медали ќе бидат парично наградени.

Златни медали за Србија освоија Новак Ѓоковиќ во тенис, Зорана Арнаутовиќ и Зоран Микец во микс дубл, дисциплина 10 метри воздушен пиштол и ватерполо репрезентацијата.

Спортистите и нивните тренери ќе добијат по 200.000 евра и се стекнаа со право на спортска пензија во износ од 2.100 евра месечно.

Александра Перишиќ и нејзиниот тренер Петар Бутало добија награда од 100.000 евра за освоениот сребрен медал во олимписката дисциплина таеквондо.

Кошаркарите, кои го освоија третото место и селекторот Светислав Пешиќ ќе добијат по 60.000 евра.

Српската влада, успесите на спортистите на Олимписките игри ги награди со 4.780.000 евра.