Том Круз го предаде олимпиското знаме на Лос Анџелес

Au revoir les jeux! или „Збогум Игри“. Затварањето на олимписките игри во Париз беше уште една ревија на бои.

Церемониите на затворањето истовремено е и почеток на нешто ново. Ритуалот на бескрајниот циклус и пренесување на пламенот во Лос Анџелес 2028 година.

Олимпиското знаме од стадионот го спушти лично тој Том Круз кој слезе од покривот на стадионот, реконструирајќи сцени од „Невозможна мисија“.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го предаде знамето на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Тоа е првпат во историјата две жени градоначалнички да го предаваат олимпиското знаме, додека Игрите се упатуваат кон Јужна Калифорнија.

Таму пак, во Лос Анџелес Red Hot Chili Peppers и пејачката Били Ајлиш изведоа мини-концерт на Venice beach покрај Тихиот Океан.

Завршниот спектакл го означи почетокот на четиригодишното одбројување до Игрите во Лос Анџелес. Американската икона во гимнастиката Симон Белс, ѝ се придружи на градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас додека на официјалното предавање на олимпиското знаме.

Претходно, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, ги опиша игрите во Париз како „најдоброто од спортот“.

„Знаеме дека Олимписките игри не можат да создадат мир, но Олимписките игри можат да создадат култура на мир што го инспирира светот“, рече тој. „Да ја живееме оваа култура на мир секој ден“.

На олимпискиот стадион во Париз вчера вечер околу 9.000 спортисти танцуваа и пееја цела ноќ за време на церемонијата на затворање, која беше една една голема прослава на хуманоста и обединувачката моќ на спортот.

„Ова беа сензационални Олимписки игри од почеток до крај“, рече Бах за 17 дневното патување крај париски знаменитости од Ајфеловата кула до замокот Версај.