Шолц до Нетанјаху: Направете договор за прекин на огнот и враќање на заложниците

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да склучи договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците што ги држи Хамас што е можно поскоро, објави портпаролот на германската влада.

„Завршувањето на војната во Газа ќе биде одлучувачки чекор кон регионална деескалација“, рече портпаролот, според Ројтерс.

Шолц во телефонски разговор со Нетанјаху рече дека воените цели во борбата против Хамас се постигнати и дека човечките страдања и цивилните жртви во Појасот Газа се огромни.

Претходно денеска израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис на југот на Појасот Газа, додавајќи дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тоа соседство против Израел и дека затоа е неопходно да се остане во областа стана опасно за палестинските цивили.