Демократската унија за интеграција изрази загриженост за силната реакција што ја гледаат по нивното барање за меѓународно мониториран ветинг.
„Дали овој очигледен страв е тесно поврзан со криминалната активност на урбаните мафијашки олигарси во општините, што ги прави најбогатите незаконски богати олигарси во оваа земја“ велат од ДУИ.
Од партијата додаваат дека урбаната мафија не само што помогнала да се создадат диви имоти, туку и донела сериозно стеснување на просторот за живеење на граѓаните.
„Сега е време да се стави крај на овој урбан криминал. Времето за правда е сега, преку меѓународно мониториран ветинг. Времето за меѓународен ветинг да биде инклузивно и притоа никој да не биде исклучен“ посочуваат во соопштението.
И натаму ДУИ смета дека тие треба да се во власта и по одржаното централно претседателство велат дека ќе ги употребат сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните.